Иднината на Лионел Меси е крајно незивесна и вероватно епилогот на ситуацијата нема да има уште половина година, а иако од Барселона ќе направат сè за да го задржат, тој можеби ќе си замине и тоа во Пари Сен Жермен, каде повторно би бил соиграч со блискиот пријател Нејмар.
Познатиот француски спортски новинар од Радио Монте Карло, Даниел Риоло, објави дека Меси во следната сезона ќе игра во ПСЖ и дека ова што го напишал не е шега туку вистина. „Меси следната сезона ќе игра за ПСЖ. Да, сериозен сум, Меси ќе биде играч на Пари Сен Жермен“ – објави Риоло кој има голем број следбеници на Твитер.