среда, ноември 18, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Мотоспорт

(Фото) Вуков тестираше во Мизано, оптимизам во таборот на „GDL racing“

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
март 19, 2021
📁 Мотоспорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико, одработи тест на патеката „Марко Симончели“ лоцирана во Мизано, крај Римини, која важи за патека на која со традиција се вози мотоциклистичката трка за Големата награда на Сан Марино.

Ова беше негов прв тренинг во новата сезона, откако пред еден месец на спектакуларната промоција во Скопје го прикажа возилото со кое ќе настапува во 2021 година. Иако тестирањето беше неофицијален настан, организцијата сепак беше преку неговиот тим „GDL racing“ со кој настапува во Порше Карера Куп.

– На ова тестирање имаше различни возила, од повеќе различни првенства. Неколкумина беа од моето натпреварување, но имаше и од ТЦР Италија и од ГТ-шампионатот. Временските услови беа стабилни, но сепак ниските утрински температури, како и фактот дека вчера тестирале мотоцикли, доведе до нерепрезентативни времиња во претпладневниот дел. Попладнето се беше речиси совршено, гумираноста на асфалтот се подобри и бевме во можност прилично лесно да ги постигнеме најбрзите времиња кои ги постигнавме лани.Тоа ни дава оптимизам дека кога ќе дојдат натпреварите ќе бидеме во ситуација да се подобриме од резултатска гледна точка. Новата сезона на Вуков започнува со трките на 5 и 6 јуни, а тој очекува дека област во која може да постигне најголем напредок се квалификациите.

– Денес се фокусиравме на надградба на системите кои се користат на тренинзите, а ни се од помош за сетирањето на автомобилот. Тоа унапредување би требало да доведе до полесен сет-ап, односно брзина во еден круг. Инженерите на тимот исто така ми помогнаа со информации од нивна страна, бидејќи тие имаат можност да ги анализираат податоците од овој тест, споредено со она што сме го имале во трка. Овој тест нема да биде единствен во пресрет на новата сезона. Следна шанса за Вуков и неговиот тим ќе биде тестот на патеката Муџело кој е закажан за 10 и 11 април.

ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Ибрахимовиќ им пушташе српска музика на Манчестер Јунајтед

Следна вест

Октиси – Македонија, Кравари – Црно Буки, распоред 15. коло

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
Мотоспорт

Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
31/Јул/2026
МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ВЕЕ НА ВРВОТ: Европскиот шампион ги стартуваше подготовките во Шпанија
Мотоспорт

МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ВЕЕ НА ВРВОТ: Европскиот шампион ги стартуваше подготовките во Шпанија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Мар/2026
ПЕТАР МИЈАЛКОВ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ ИЗРАДУВА СТОТИЦИ ДЕЦА: „ДЕДО МРАЗ НА ДВЕ ТРКАЛА СТИГНА ВО ШТИП“
Мотоспорт

ПЕТАР МИЈАЛКОВ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ ИЗРАДУВА СТОТИЦИ ДЕЦА: „ДЕДО МРАЗ НА ДВЕ ТРКАЛА СТИГНА ВО ШТИП“

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
29/Дек/2025
Битолчанка со мотор и големо срце – Ева Дамјановска повторно на пиедестал!
Мотоспорт

Битолчанка со мотор и големо срце – Ева Дамјановска повторно на пиедестал!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Окт/2025
Следна вест

Октиси - Македонија, Кравари - Црно Буки, распоред 15. коло

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.