Во рамките на последното коло од Група Запад, кошаркарките на ЖКК Бадел 1862, во СРЦ Кале, ја совладаа екипата на ЖКК Работнички со резултат 69:43 по четвртини (14:10, 15:12, 12:14, 28:7).

Во студеното Кале, домаќините само во почетната фаза од натпреварот успеваа да им парираат на кошаркарките на ЖКК Бадел 1862. Гостинските кошаркарки во ростерот беа без повредените првотимки Нена Трајчевска и Драгана Јоловиќ.

Најефикасни беа Димова со 21 и Стојановска со 20 поени. Лазаревска постигна 12, Димитријевиќ 9 и Адамовска 7 поени. Со оваа победа, баделки го задржаа максималниот учинок во кошаркарската Суперлига. Баделки средбата ја добија со убедлива победа од 26 поени разлика. Во редовите на ЖКК Работнички, најефикасна беше Муса со 22 поени.
Фото: Women Basketball Club Badel 1862 @WomenBasketballClubBadel1862



