Фудбалерот кој го има светското внимание привлечено врз себе е јапонецот, Казујоши Миура кој на натпреварот помеѓу Јокохама и Висел Кобе, влезе во игра во 87 минута и со тоа само ја помести погоре границата на најстар професионален фудбалер кој тој и претходно го имаше во своја сопственост.
Миура со 53 години, 8 месеци и 13 дена е фудбалерoт кој што овој рекорд тешко некој во блиска иднина да го собори. На крај Јокохама славеше со резултат од 2:1 со гол постигнат во судиското продолжение, а играчот на овој меч постави нов рекорд.
Казујоши Миура е активен фудбалер од 1986 година, има настапувано за бројни бразилски клубови, секако во својата Јапонија, но има и европски настапи за Џенова во Италија и во Хрватска за Кроација, денешен Динамо Загреб. За репрезентацијата на Јапонија настапуваше од 1990 до 2000 година и во овој период собра 89 настапи и постигна 55 погодоци.