Според очекувањата новиот суперлигаш, Голден Арт КЛ7 ја совлада младата екипа на РК Аеродром со резултат од 31:23 на полувреме 15:8.
Голден Арт КЛ7 од самиот почеток ја имаше контролата на натпреварот а тоа го најавија со водство од 4:1, водство кое го задржаа до крајот на првиот дел односно 15:8. Вториот дел продолжи во ист ритам па конечниот резултат гласеше 31:23. За терминот од 18.30 часот е предвидена и втората денешна контрола против ракометниот клуб Прилеп.
Голден Арт КЛ7 – РК Аеродром 31:23 (15:8)
Голден Арт КЛ7: Каковски 2, Симоноски 4, Ѓеоргиев 1, Стојков 5, Гучески 2, Даев 3, Крстески 1, Димовски 6, Павлов 2, Јорданов 1, Гајиќ 4
Фото и извор: http://kl7.mk/