Шампионот Струга Трим Лум триумфираше против Воска со 3-1 во „езерското дерби“ и повторно има три бода предност на врвот на табелата во Првата лига. Двоен стрелец беше Бесарт Ибраими, а погоди и Хоган Укпа.
„Оваа победа е за тебе Бесмир Бојку“ – порачаа фудбалерите на Струга ТЛ како поддршка кон својот соиграч кој се повреди.

Резултати од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига:
Брера Струмица – Работнички 2:1
Гостивар – Македонија ЃП 1:4
Шкендија – Брегалница 4:1
Струга ТЛ – Воска Спорт 3:1.
Шкупи – Вардар 3:0
Тиквеш – Силекс 1:1.
Табела: Струга 54 бодови, Шкупи 51, Шкендија 48, Силекс 36, Тиквеш 33, Гостивар 32, Брера 30, Работнички 27, Воска 27, Вардар 26, Македонија ЃП 24, Брегалница 22.




