Сестрата на Кристијано Роналдо, Елма, на социјалните медиуми провоцира со објавената илустрација како Лионел Меси е на колена пред Кристијано Роналдо, како ги слави погодоците против Барселона во победата на Јувентус од 3:0 во вторникот.
На објавената фотографија, фановите на Меси застанаа во негова одбрана коментирајќи „Пеналдо“. „Мојот крал. Најдобар на сите времиња. Гордоста на мојот живот“, напиша Елма на „Инстаграм“.




