среда, февруари 8, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ИНТЕРВЈУ

Вук Лакичевиќ – Стружани се прекрасни им благодарам на поддршката! Ќе бидам уште подобар

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
декември 10, 2020
📁 ИНТЕРВЈУ, Ракомет

Вук Лакичевиќ младиот ракометен џин кој доаѓа од Црна Гора е вистинско освежување за екипата на Струга и за целата Суперлига оваа полусезона на позицијата десен бек. Погледнете го краткото интервју на Вук специјално за порталот www.javisejuzna.mk:

Oд каде е Вук и кога започна да се занимава со ракомет ?

Потекнувам од Никшиќ, Црна Гора. Јас имам 19 години, а започнав да играм ракомет на 10 години.

Како дојде до трансферот во РК Струга ?

Трансферот во Струга дојде по препорака на капитенот на Струга, Богдан Николиќ и беше проследен со преговори помеѓу клубот и мојот менаџер Назих Ајлани.

Како си задоволен од своите игри и односот со твоите соиграчи и тренерот ?

Со оглед на тоа што лигата е многу силна и дека доаѓам од земја во која машкиот клупски ракомет е на лошо ниво, мислам дека завршив добра работа во првиот дел од сезоната. Секoгаш дури и кога давав полоши игри, имав голема поддршка од соиграчите и тренерот. Сигурен сум дека можам да напредувам уште повеќе и да покажам што знам, па се надевам дека тоа ќе го постигнам во плејофот.

Како ти се допаѓа Струга и луѓето кои живеат тука ?

Струга е прекрасен град низ кој поминува реката Црн Дрим и е сместен покрај брегот на Охридското езеро. Луѓето се многу љубезни и се чувствувам убаво да поминувам време во градот.

Дали уште некој од фамилијата се бави со ракомет ? Гледаме дека твојата фамилија aктивно го следи порталот www.javisejuzna.mk ?

Само јас играм ракомет во семејството. Mоите сестри, роднини и пријатели ја следат мојата работа, ми даваат максимална поддршка и затоа ги следат македонските портали …

Што ќе им порачаш на крај на струшките ракометни фанови ?

Како прво, би сакал да им се заблагодарам на струшките љубители на ракометот и навивачката група “Паткари” за нивната голема поддршка и за време на пандемијата. Би сакал да им порачам да бидат со нас во наредниот период и сигурен сум дека резултатите нема да изостанат.

ShareTweet
Претходна вест

(Фото) Сестрата на Роналдо провоцира: Меси е на колена пред кралот Роналдо

Следна вест

Витјаз Подолск загуби витален натпревар

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Цепелинот Ојлески-Радовиќ НАЈУБАВ момент од победата против Нексе (ВИДЕО)
Ракомет

Радовиќ: Ќе дадеме се од себе во Данска

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Фев/2023
Валтер: Архус игра многу брзо и мора да сме подготвени
Ракомет

Валтер: Планираме да се вратиме со бодови од Данска

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Фев/2023
Чаневски “спушти  ролетна” и беше најзаслужен за победа во дербито
Ракомет

Чаневски бранеше одлично во дербито во Израел

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Фев/2023
Маџовска со важна победа во Бундеслигата
Ракомет

Маџовска е МВП на колото во Бундес лигата

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Фев/2023
Следна вест
Витјаз Подолск загуби витален натпревар

Витјаз Подолск загуби витален натпревар

Последно

(ВИДЕО) Пантуро со светско злато ја награди домашната публика во Куршевел

(ВИДЕО) Сибир се спаси во последната минута, но загуби на пенали

Радовиќ: Ќе дадеме се од себе во Данска

Валтер: Планираме да се вратиме со бодови од Данска

Чаневски бранеше одлично во дербито во Израел

Маџовска е МВП на колото во Бундес лигата

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.