Металург не успеаја да слават ниту во вториот меч, откако одиграа само нерешено на гостински терен кај Струга, 28-28, иако водеа и со пет голови разлика. Богдан Николиќ со 7 гола беше најпрецизен во домашниот табор, Ракочија даде 5, додека Маркоски и Рајатовски постигнаа по 4 гола. На голот на Струга блескаше Мартин Јовановски. Кај Металург прв стрелец беше Калуџеровиќ со 8 гола, додека Златко Хорват постигна 7.
РК Струга – РК Металург 28:28 (полувреме 13:18)
РК Струга: Затаракоски, Маркоски 4, Крстаноски, Савески, Рајатовски 4, Лакичевиќ 3, Јанкуловски 1, Јовановски 1, Димитријески, Николиќ 7, Илиовски 1, Костоски, Ракочија 5, Симоноски, Пајкоски, Цветаноски 2.
РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Петковски, Кофилоски 4, Шилегов, Хорват 7, Калуѓеровиќ 8, Серафимов 2, Лазаревски 5, Тарабокија 1, Тодески, Митиќ, Рниќ, Додиќ 1.