Селекторот на националниот состав за одбојкарки до 19 години Ненад Михајловиќ го почна декемврискиот собир од мисијата „Европско првенство 2022“ ладе што младите надежни одбојкарки во Берово ќе ја темпитаат своајта форма.
Откако поради здравствените околности беше попречена активноста на националниот тим во октомври и во ноември, нашите репрезентативки овој пат ќе тренираат во Берово. Стручниот штаб на списокот има вкупно 26 одбојкарки.
Селекторот Михајловиќ веќе оджа тренинг со репрезентативките, во опција се и две контроли, по што стручниот штаб ќе има повеќе показатели за да ги одреди 18-те репрезентативки коишто во јануари ќе патуваат во Белград, каде што се предвидени пријателски натпревари со екипи од Србија.

Женската репрезентација е во период на адолесценција, созревањето ќе биде долг процес, а ,,Црвено-жолтите” посакуваат и порачуваат „и успешен процес“.
На кампот во Берово, селекторот Михајловиќ повика осум одбојкарки од Јанта Волеј Форца: Калина Пејоска, Мери Бошковска, Ангела Трајкова, Анастасија Овнарска, Ива Стојкоска, Катерина Чочовска, Ира Делеска и Надица Антеска. Ана Јаничиќ, Теодора Шукуловска, Зорана Станковска и Марија Василевска се од Вардар ЕМ, од Пелистер Волеј доаѓаат Стефани Најдановска, Меланија Каралиоска и Анастасија Ристевска, трио има и од УГД Студент: Мила Вакувска, Мила Долдурова и Јасна Смилков, како и од Наковски Волеј: Добрина Хаџи Тосева, Тинка Недева и Марија Пакетова. Марија Митева го носи дресот на Виктори Волеј, Теодора Бојкова на Борец Брако, а поради повреди и други околности деновиве со националниот состав не се Клара Бликов од Фит Фан Волеј, Кала Дренковска од Вардар ЕМ и Ива Чадиковска од Јанта Волеј Форца.
Извор и фото: Одбојкарска федерација на Македонија



