Џејмс Харден од вчера се приклучи на тренинзите на екипата на Хјустон Рокетс откако претходниве денови дури шест пати беше тестиран за Ковид-19. ,,Брадата” претходно побара да биде продаден, односно бара нов клуб со кој би атакувал на титула во најсилната кошаркарска лига во светот.
Според шпекулациите кои доаѓаат од САД, Харден преферира трејд во Мајами или Бруклин, а и Филаделфија е кандидат за потписот на најдобриот поентер во НБА во изминативе три сезони.



