Според ,,Марка” Реал Мадрид се договорил со Лука Модрич на продолжување на договорот на уште една сезона. Иако хрватот на 1 јануари ќе има можност да преговара со сите заинтересирани клубови за неговите услуги.

Сепак тој од поодамна изјави дека е среќен во Мадрид и дека сака да се пензионира во тимот на ,,Кралевите”. Лука Модрич пристигна во Реал Мадрид од тимот на Тотенхем во 2012 година за 30 милиони фунти.



