Пандемијата со вирусот ја зароби фудбалска Европа и големите натпреварувања останаа под знак прашалник кога ќе се одиграат, пред се дали има можност да се одржат и термините за утврдување.
УЕФА конечната одлука ќе ја донесе на 17 јуни. Сепак германски ,,Билд” излегува со најави и укажува дека е сосема сигурна и точна нивната информација дека на ист стадион по еден натпревар ќе играат најдобрите осум екипи (Фајнал 8), но пред се првин мора да завршат сите реванши од 1/8 финалето, а потоа ќе се игра по еден 1/4 финален, полуфинален и финален натпревар.
Истанбул и Турција со нивниот стадион ,,Ататурк” излегуваат од конкуренција како што беше претходно договорено, па сега се во игра Германија и градот Франкфурт, потоа Москва, Русија и Лисабон, Португалија.
Се верува дека Германија ќе испадне од конкуренција за да не им се даде на Баерн Минхен предност на домашно тло, додека исто така и Русија е се подалеку бидејќи таму има зголемен број на заразени од Ковид 19. Останува како можност Лисабон, Португалија и највероватно се работи за стадионот на Бенфика ,,Луж”. Како термин на одигрување на финалето е 29 август.