Горан Пандев не се најде на списокот од 24 фудбалери на Џенова кои вечерва ќе гостуваат кај Јувентус, во мечот од рамките на осминафиналната рунда во Купот на Италија.
Тренерот Давиде Балардини освен нашиот искусен офанзивец, во составот ќе ги нема првиот голман Матија Перин, како и искусниот дефанзивец Кристијан Запата. Околу отсуството на Пандев се чини дека се работи за ослободување на обврски бидејќи не е пријавена никаква повреда кај капитенот на Македонија.