Денес беа извлечени паровите од третата рунда на најстарото клупско фудбалско натпреварување, ФА Купот, во којашто се вклучија и екипите од Премиер лигата и од Чемпионшип.
Втората рунда од овосезонското издание донесе возбудливи дуели и неколку рекорди.
Имено, за првпат во историјата петтолигашот Борам Вуд и шестолигашот Чорли се пласираа во третата рунда, а Марин ФК стана вториот осмолигаш што ја поминал втората рунда.
Марин постави уште рекорд, односно, по денешната ждрепка, за ривал го доби Тотенхем, кој моментално е првопласиран тим во Премиер лигата. Со самото тоа, нивната разлика од дури седум лиги стана најголема помеѓу два меѓусебни ривали во постоењето на ФА Купот.
Останатите парови од третата рунда можете да ги видите во продолжение:



