Сара Граматикова е млада и талентирана фудбалерка која што рано започна интернационална кариера. Таа започна во својот матичен клуб ЖФК Тиверија од Струмица за да минатото лето потпише за Луцерн тим кој што се натпреварува во најдобрата швајцарска лига.
Десното крило настапуваше за У-19 тимот на Луцерн, а последните седум месеци беше отсутна од терените поради повреда. Граматикова е родена на 09.08.2000 година и има репрезентативни настапи до У-17 и У-19 селекцијата.

Од оваа сезона Сара Граматикова ќе има нов предизвик во кариерата воедно и нов клуб, а се работи за тимот на Небикон кој се натпреварува во втората швајцарска лига и со помош на македонската фудбалерка клубот се надева на влез во најдобрата швајцарска лига. Се очекува интернационалката веќе за неколку дена да почне со тренинзи со новиот клуб.



