Барселона во финалето од Ф4 турнирот го победи Алборг со убедливи 36-23 и стигна до својата 10-та титула. Голманот Гонзало Перес Де Варгас, со 14 одбрани блескаше во победничкиот тим и сосема заслужено беше прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир во Келн, односно МВП.
Левото крило Валеро Ривера, од Нант со 95 погодоци е најдобар стрелец во Лигата на Шампионите.



