Далас Старс – актуелните вицешампиони на НХЛ, коишто во финалето загубија со вкупни 4-2 од Тампа Беј Лајтнинг – ја претставија својата трета гарнитура за наредната сезона.
За првпат после 2006 година, клубот од Тексас ќе им обезбеди и трети дресови на своите хокеари. Истите, ќе ја имаат во основата црната боја, како во првите дваесет години по преселувањето на Старс од Минесота во Далас (1993-2003).
На дресот, со зелена боја е исцртана мапата на Тексас, а околу вратот се наоѓаат линиите и ѕвездата што го симболизираат знамето на втората најголема сојузна држава на САД.