Најавите се остварија, па ФК Борец од Велес во пролетниот дел од сезоната ќе биде значително посилен со новите фудбалери и тоа левиот колумбиски фудбалер Александер Борха кој доаѓа од редовите на битолски Пелистер и 20-годишниот дефанзивец Лука Трајкоски кој беше довчерашен член на Македонија Ѓорче Петров.
Според најавите од велешкиот клуб, раководството веќе преговара и со неколку играчи како од странство така и од домашниот шампионат кои би го подигнале нивото на тимот предводен од Горазд Михајлов.