По големата драма и битката во полуфиналињата на Фајнал форот во Келн во ,,Ланксес Арена” време е за последните два натпревари. Првиот од 18:00 часот за трето место помеѓу ПСЖ на Раул Гонзалез и унгарски Веспрем за кој што настапува репрезентативното крило, Дејан Манасков.
Од 20:30 часот на паркетот ќе излезат ракометните титани Барселона и Кил кој што ќе играат во големото финале. Кил игра на домашен паркет, но без публика така да ова ќе биде рамноправна борба кој од двата тима на крај ќе има поголеми нерви во завршницата и да стигне до победа која означува титула Европски шампион.