Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, доби жестоки критики по социјалните мрежи, поради тоа што позираше насмеан кога тимот му оддаваше чест на покојниот Диего Армандо Марадона.

Играчите на ,,Светците” од Париз се сликаа со аргентинско знаме и дрес на легендарниот Марадона, но фановите на Диего забележаа дека Икарди е насмеан и тоа го оценија како големо непочитување кон фудбалскиот генијалец и му упатиле порака која гласи: ,,Не враќај се наскоро во Аргентина”.



