Како бебе бил оставен пред вратата на манастир во Франција, а на двегодишна возраст доживеал страшна сообраќајна несреќа во која на лицето ги заработил препознатливите лузни. Имаше дури 100 конци на лицето, а повредата беше страшна и поради тоа беше на удар од други деца на шеги и невкусни коментари.
“Тоа ми даде карактер и сила, бидејќи кога си дете и имаш такви лузни не е лесно. Начинот на кој те гледаат, коментираат… Страдав поради тоа… луѓето рекоа ‘ погледни му го лицето, погледни му ја главата, погледни му ја главата, грд е, одвратен. Каде и да одев, луѓето гледаа во мене, но не затоа што сум добар фудбалер, ме гледаа поради лузните” – изјави Рибери.
Фантастичен фудбалер, еден од најдобрите дриблери на сите времиња, човекот кој освои 21 трофеј во кариерата иако животот воопшто не му беше наклонет. Сепак формата е променлива, а класата на Франк Рибери е вечна.