Македонија вечерва ја пречекува големата Германија во квалификациите за Светското првенство со почеток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.
Германија во Скопје пристигна со многу ѕвезди од калибарот на Мануел Нојер, Тер Штеген, Каи Хаверц, Џошуа Кимих, Лерој Сане, Марко Ројс, Тимо Вернер, Томас Милер, Серж Гнабри, Леон Горецка,….
Селекторот на Германија, Ханси Флик посебно внимание му посвети на Елиф Елмас.
„Македонија е селекција која сака да игра фудбал и која е технички одлична. Елмас е фудбалер кој многу ми се допаѓа. Игра во Наполи и технички е многу добар, плус ни даде гол на првиот меч. Со нетрпение го чекам мечот со Македонија која нема пораз откако Милевски е дојден“