Филип Талески официјално е претставен во унгарскиот клуб Татабања, каде што претходно беше најавен како ново засилување.
Македонскиот ракометар повеќе од два месеци беше слободен агент, а сега ја продолжува кариерата во Татабања, клуб кој беше принуден да ангажира нови играчи поради големиот број повреди во составот.
Пред да се пресели во Унгарија, Талески ги носеше дресовите на Металург, Рајн-Некар Левен, Балинген, Бенфика и Вардар 1961.




