
Осумнаесеттото коло од унгарската ОТП Банк Лига беше комплетирано со 224. лигашко дерби на Будимпешта помеѓу Ујпешт и Ференцварош.
Истото, по 102. пат во историјата, заврши во корист на Ференцварош, кој победи со минимални 0-1.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Босанецот Стјепан Лончар (78′), чијшто удар беше целосно изместен од домашните дефанзивци.
Целосен дебакл на Ујпешт спречи голманот Давид Банаи, кој имаше шест фантастични интервенции.
На табелата, Ференцварош го задржа првото место пред Пушкаш Академија, додека Ујпешт е десетти со големи шанси за релегација.




