
Денес, одбојкарите на Фенербахче го запишаа третиот лигашки овосезонски пораз, откако, во тринаесеттото коло на турската Ефелер лига, загубија од лидерот на табелата.
Имено, екипата на Халкбанк од Анкара победи со 0-3 во Истанбул што претставува прв меѓусебен максимален гостински триумф после 24 април 2016.
Гостите од главниот град на Турција убедливо и рутински ги добија сите три сетови во своја корист со 21-25, со 19-25 и со 21-25.
Кај домаќините, само двајца одбојкари имаа двоцифрен број на постигнати поени – Јасин Луати (10) и Салвадор Хидалго Олива (17).
Од избраниците на Танер Атик, над десет поени забележија Јигит Гулмезоглу (11), Никола Бруно (14) и Фернандо Хернандез (17).
Халкбанк и понатаму е првопласиран како единствена екипа без пораз, додека Фенербахче остана на третото место и испушти прилика за скок на втората позиција.