
Налетот на Спор Тото од осум победи во низа беше прекинат денес во дербито против Фенербахче.
Имено, во 25. коло од турската одбојкарска Ефелер лига, Фенербахче славеше во Анкара со резултат од 0-3 или по сетови 22-25, 15-25 и 17-25.
Во првата партија, Спор Тото имаше предност од 9-5, но со серијата од 7-0, гостите од Истанбул стекнаа предност и ја задржаа до крајот.
Оваа низа го извади од ритам целиот домашен состав, кој потполно потфрли и во наредните два сегменти.
Од редовите на претставниците на турската престолнина, двоцифрен беше само Пол Бухегер со 13 поени.
На спротивната страна, двоцифрени беа тројца одбојкари, односно Салвадор Хидалго (11), Јасин Луати (13) и Метин Тој (15).
На табелата, Фенербахче го зазема второто место, додека Спор Тото е четврт тим во лигата.