Шпанскиот медиум „Марка“ објави листа од најдобрите 100 спортисти на 21 век.
За најдобар спортист е избран Мајкл Фелпс со 28 олимписки медали, од кои 23 златни медали, како и 33 од Мундијалите, но најважно од се собори дури 29 светски рекорди.

Зад него се најде Јусеин Болт, кој е трократен олимписки првак на 100 и 200 метри, поставувајќи бројни светски рекорди помеѓу кои и тој на 100 метри 9,58 секунди. На третото место на листата се најде Роџер Федерер.

Погледнете како изгледа листата на најдобрите 100 спортисти во 21 век според Марка на следниот ЛИНК.



