Шведскиот Идре Фјал беше третата локација од тековната сезона на Светскиот куп во фристајл скијање, кога е во прашање дисциплината ски-крос.
Денес, на програмата беше петтата трка, односно првата во 2021 во машка и во женска конкуренција.
Кај дамите, најбрза во финалето беше Фани Смит пред Мариел Томпсон, пред Талина Гантенбајн и пред Анастасија Чирткова. За Смит, ова е 26. победа во Светскиот куп, со која го презеде водството во вкупната историја.
Во малото финале, поредокот гласеше: Мариел Берж Сабател, Сана Луеди, Ализе Барон и Лукреција Фантели.
Во машка конкуренција, фаворитите го сочинуваа големото финале, во кое, најбрз беше Бастиен Мидол. Подиумот го заокружија Виктор Андерсон и Франсоа Плас, а четвртото место му припадна на Јонас Ленер.
Во малото финале се квалификуваа Рис Хауден, Марк Бишофбергер, Рајан Регец и Флоријан Вилмсман.
📸 Millo Moravski/Agence Zoom/Getty Images