Ракометарите на Охрид и Струга во среда во СРЦ „Билјанини Извори“ од 17 часот ќе одиграат натпревар од рамките од 1/4 финалната фаза на Купот на Македонија. Победникот од дербито од овој натпревар ќе игра со подобриот од втората четвртфиналната двојка која ја сочинуваат екипите на Бутел Скопје и Јуниор Кисела Вода.
Термини
Среда:
Охрид – Струга (17 часот)
Бутел Скопје – Јуниор Кисела Вода (18 часот)
Четврток:
Финале: Охрид/Струга – Бутел Скопје/Јуниор Кисела Вода (17часот)
Финалето е закажано е за во четврток во 17 часот а истото ќе се одигра во Скопје.



