Делегатите на Ракометната федерација на Македонија му дадоа доверба на досегашниот претседател Живко Мукаетов да продолжи да ја води федерацијата и во следните четири години. На денешното собрание сите клубови и делегати му дадоа поддршка на Мукаетов кој беше единствениот кандидат за претседател.



