Втор викенд во низа, скијачите од Светскиот куп во крос-кантри се натпреваруваа во Шведска.
Имено, домаќин на денешните спринтови беше гратчето Улрисехамн.
Вреди да се напомене дека од трката отсуствуваа најдобрите норвешки репрезентативци, кои се подготвуваат за претстојното Светско првенство.
Во женска конкуренција, во четврт-финалето и во полуфиналето, отпаднаа неколку фаворитки за победа како Лин Сван и Анамарија Лампич.
Накрај, домашната селекција ја славеше првата победа на Маја Далквист (3:20,5), која заврши пред својата сонародничка Јохана Хегстром (+0,4) и пред водечката во генералниот пласман – Џеси Дигинс (+0,5).
Во финалето, исто така, се пласираа уште Хана Фалк (+0,8), Ева Уревц (+1,2) и Јона Сундлинг (+1,8).
Кај мажите, речиси сите фаворити се пласираа во финалето, а најбрз од нив, по вторпат во кариерата, беше домашниот натпреварувач Оскар Свенсон (2:55,3).
Само една десетинка доцнеше Глеб Ретивих на второто место, а во фото-финиш, Федерико Пелегрино освои подиум пред Ришар Жув. На петтото и на шестото место завршија Лука Шанава (+1,2) и Сергеј Устиугов (+6,1).
📸 Daniel Kopatsch/Bongarts/Getty Images