Македонските таеквондисти Андреј Василевски и Христијан Симоновски освоија златни медали во јуниорска конкуренција на силниот меѓународен турнир „Скопје Опен Рамус“ од Г1 серијата.
Василевски неприкосновен во категоријата до 59 кг
Андреј Василевски, член на ТКД Бутел, имаше импресивен настап во категоријата до 59 килограми. Во првата борба го совлада Кристијан Петров од Бугарија, потоа беше подобар од Израелецот Елбоген Итај, а во полуфиналето го елиминираше својот сонародник Филип Каревски. Во финалето, Василевски ја потврди својата доминација со победа над Виктор Сетвиќ од Шведска, освојувајќи го златниот медал.
Симоновски сигурен на патот до титулата во -63 кг
Христијан Симоновски, кој настапува за ТК Младост, исто така беше извонреден во категоријата до 63 килограми. Тој во првата борба славеше против Емир Хониќ од Босна и Херцеговина, во полуфиналето беше подобар од Бугаринот Јордан Ангелов, а во финалето извојува голема победа против уште еден бугарски претставник, Станислав Митков.




