Дејан Георгиевски продолжува да прави историја за македонското таеквондо! Со освоениот златен медал на престижниот СКОПЈЕ ОПЕН РАМУС Г1, тој не само што покажа доминација во својата категорија, туку и направи уште еден чекор кон обезбедување олимписка норма за Летните Олимписки Игри во Лос Анџелес.
Во финалето, Георгиевски извојува победа против Керим Куцуецсунхур од Германија, со што си обезбеди вредни бодови на патот кон остварување на најголемата спортска цел – учество на Олимпијадата.
Овој успех е уште еден доказ за неговата посветеност и квалитет, како и за растечката моќ на македонското таеквондо на меѓународната сцена.




