Хрватскиот фудбалски првак од 2016/17, ХНК Ријека, на својот официјален Твитер профил, во текот на последните месеци објавуваше анкети според коишто го состави својот идеален тим од изминатата деценија. Во тимот се вклучени и двајцата Македонци кои го носеа дресот на хрватскиот тим – Стефан Ристовски и Леонард Жута.
Идеалните единаесетмина на Ријека за изминатата деценија изгледаат вака:
Голман: Андреј Прскало
Одбрана: Стефан Ристовски, Дарио Жупариќ, Матеј Митровиќ и Леонард Жута
Среден ред: Дамир Крајлах, Моисес, Марко Вешовиќ и Анас Шарбини
Напад: Франко Андријашевиќ и Андреј Крамариќ



