
Во првиот термин од 25. коло на англискиот Чемпионшип, Мидлсброу го порази Блекпул со 1-2.
Имено, гостите стекнаа водство во 60. минута, кога Словенецот Андраж Шпорар се запиша во листата на стрелците на третиот врзан натпревар.
Во првата минута од судиското продолжение, Блекпул успеа да ги израдува навивачите само за момент, откако Шејн Лавери (90+1′) израмни на 1-1.
Всушност, Северноирецот стана првиот фудбалер после 27 ноември, односно после четири средби, кој успеа да ја затресе мрежата на Мидлсброу.
Сепак, ,,Мандарините” не успеаја да задржат барем еден поен на ,,Блумфилд Роуд”, бидејќи Данкан Вотмор (90+2′) стрелаше за конечна победа на избраниците на Крис Вајлдер.
На табелата, Мидлсброу скокна на петтото место, додека Блекпул ја зазема тринаесеттата позиција.



