Македонскиот фудбалeр Љупчо Дориев, својата кариера ја продолжува во клубот Согдиана во Узбекистан. Дориев има 27 години и досега има играно за Хоризонт Турново, Академија Пандев и Шкендија, а за сениорската репрезентација на Македонија има седум настапи.
Љупче Дориев се согласил на договорот со Согдиана каде ќе заработува 300.000 евра годишна плата, плус бонуси.