Седмо коло од Прва ЖФЛ во дербито на колото каде што на домашен терен ЖФК Каменица Саса без три стандардни првотимки стигна до голем триумф над ЖФК Деспина со минимален триумф од 1:0.
Тимот на Деспина имаше целосна контрола над случувањата создаваше шанси имаше неколку зицери за постигнување на гол, но сепак домашните фудбалерки одолеваа на нападите го издржаа притисокот и на средината на првиот дел од пенал преку Ана Димитровска постигнаа гол за водство кој се покажа како конечен резултат за освојување на трите бода.
Наредно коло ЖФК Деспина има ново дерби и тоа против ЖФК Тиверија, а ваквиот сплет на резултати ја зголемува бројката на кандидати за врвот на табелата.



