Македонската репрезентација на 10. септември ќе се соочи со Ерменија, во второто коло во Лигата на нации од новата сезона по лошото реми кај Фарски Острови 1:1 во првиот натпревар.
Столе Димитриевски – голман на А репрезентацијата на Македонија
Како заменик капитен на Македонија, максимално сум фокусиран и мотивиран за да го одработам мечот со Ерменија. За нас најважно е да се победи утре, за да си ги зголемиме можностите за првото место во групата. Во овој момент најважен е утрешниот натпревар против селекцијата на Ерменија. Се надевам дека утре ќе се покажеме во добро светло, ќе одиграме добар натпревар и ќе забележиме победа.Победата е единственото нешто што го посакуваме на утрешниот меч.Анализиравме многу и подготвени сме за утрешниот натпревар.




