
Грчките второлигаши Дијагорас и Алмопос ја завршија календарската 2022 година со две врзани победи.
Двете екипи ја отворија новата 2023 со меѓусебно реми од 1-1 во деветтото коло од Супер лига 2 Север и ја продолжија својата низа на поволни резултати.
Домаќините од Родос поведоа со 1-0 во 65. минута, кога мрежата на Иван Докиќ ја затресе Атанасиос Караманис.
Сепак, до крајот, гостите успеаја да однесат бод во Аридеа, со прецизниот удар од белата точка на Павлос Епас (88′) во самата завршница.
Со новиот поен, Алмопос излезе од опасната зона и се искачи на единаесеттата позиција, додека Дијагорас остана на шестото место.