Изминатиов викенд на 16.09.2023 Сабота Џудо Клуб Дрим Струга со 7 натпреварувачи настапи на меѓународниот натпревар “Trofej Pantera” во Бијељина Република Српска, БиХ на кој настапија повеќе од 500 натпреварувачи од 11 земји и освои 8 медали 3🥇, 1🥈, 4🥉.
Со медали се закитија:
Категорија U9
- Мила Стојанова -34кг 🥇
Категорија U11
- Давид Спироски -42кг 🥇
- Елеонора Јосифоска -34 🥇
Категорија U13
- Мила Стојмиловска -44кг 🥉
- Елеонора Јосифоска -36кг 🥉
Категорија U15
- Мила Стојмиловска -44 кг 🥉
Категорија Кадети
- Анамарија Стојмиловска -48кг 🥈
- Анамарија Стојмиловска -52кг 🥉
Одлични настапи имаа и Катерина Клењоска и Давид Ќосески и се пласираа на 5то место.
Овие резултати се доказ дека ЏК Дрим Струга е несомнено еден од најуспешните спортски колективи!
Голема благодарност до Владимир Ѓокиќ и Џудо Клуб Пантер Бијељина за гостопримство и честитки за успешната организација!