Зорица Десподовска, со фантастични 10. гола го предводеше Кобержице до нова победа против Галичанка со 27-30 во првенството на Полска.
Зорица Десподовска поради одличната игра е избрана и за најдобар играч – МВП на овој натпревар.
Ова беше натпревар од второто коло додека тимот на Десподовска во првото коло славеше против Старт со 33:27.
После првите две кола Зорица Десподовска има фантастични 12 гола и 9 асистенции во шампионатот на Полска.