петок, март 24, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Декласирани од Унгарија, младинците ќе играат за третото место на ФИБА „Челенџер“

Марјан Туртуров ✏️ Марјан Туртуров
јули 25, 2021
📁 Кошарка

Денеска во полуфиналниот натпревар на ФИБА „Челенџер“ за играчи „Под 20“ години македонската младинска репрезентација во Шопрон загуби со дури 55 коша разлика од домаќинот Унгарија со 99:44.

После двете победи над Луксембург и Романија и поразот од Швајцарија во групната фаза, избраниците на селекторот Тони Симиќ се најдоа во полуфиналето каде што доста убедливо беа надиграни.

Унгарците в недела од 19.30 часот против Белорусија ќе одлучуваат која ќе биде најдобрата селекција во „Д“ групата од ова новоформирано натпреварување на ФИБА.

А претходно од 16.30 часот Македонија за третото место ќе игра против Швајцарците од кои загубија во групната фаза со 65:79.

На денешниот меч домаќинот силно стартуваше, веќе стекна голема позитива (29:10) и брзо го скршија отпорот на нашите надежи. А по 20 минути водеа со недостижни (41:17) и тоа беше најава дека се промовираат како финалисти на овој турнир.

Во првиот дел поентираа само тројца наши кошаркари. Димитровски имаше осум поени, Иванов шест, а Исајлоски уште три поени – премалку за некои поголеми очекувања. За доминацијата на Унгарија на оваа средба сведочи уште еден податок, ривалот имаше дури 37 скока, а ние 14.

Сето тоа беше доволно „причина“ за селекторот Симиќ во игра да ви внесе и играчите кои досега немаа преголем број на минути на турнирот, како Ѓорѓиев, Мирковски и Груевски.

Кај стрелците во нашите редови најрасположен беше Љубиша Димитровски со 18 поени (девет скокови), а кај противникот 15 поени беа дело на Тамас Ото Палаи.

ShareTweet
Претходна вест

Радичевиќ со 100% реализација за убедлив триумф на Црна Гора!

Следна вест

Соборен првиот светски рекорд на Игрите во Токио!

Марјан Туртуров

Марјан Туртуров

Слични вести

Македонија ја растури Норвешка кога беше најважно
Кошарка

Македонија ја растури Норвешка кога беше најважно

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Фев/2023
КУП 2023: ТФТ и Баскет Кам ги бранат титулите
Кошарка

КУП 2023: ТФТ и Баскет Кам ги бранат титулите

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Фев/2023
Одличниот Димитријевиќ ја “сруши” големата ЦСКА Москва
Кошарка

Одличниот Димитријевиќ ја “сруши” големата ЦСКА Москва

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Фев/2023
Aња Начевска дебитира за сениорките на Македонија со неполни 16 години
Кошарка

Aња Начевска дебитира за сениорките на Македонија со неполни 16 години

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Фев/2023
Следна вест
Соборен првиот светски рекорд на Игрите во Токио!

Соборен првиот светски рекорд на Игрите во Токио!

Последно

(ВИДЕО) Каролина обезбеди плејоф и покрај поразот од Њујорк Ренџерс

(ВИДЕО) Авангард со ,,чистка” до конференциско финале на Истокот

(ВИДЕО) Карлтон победи актуелен шампион за првпат после тринаесет години

(ВИДЕО) Парамата му се реваншира на Пенрит за поразот во финалето

Стружанка го пречекува Пелистер (плеј-оф жени)

Струга викендов гостува во Неготино (плеј-аут)

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.