Јувентус соопшти фудбалерите и тренерот на првиот тим прифатиле да се откажат од четири месечни плати, односно од примањата за март, април, мај и јуни.
Ваквиот потег ќе значи заштета од околу 90 милиони евра. Доколку сезоната продолжи и натпреварите се доиграат, клубот ќе покаже добра волја и соодветно ќе ги надомести. Најплатениот фудбалер Роналдо се откажал од скоро 4 милиони евра.



