Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски запиша уште еден голем успех во својата кариера, триумфирајќи на полумаратонската трка во Дубровник, Хрватска.
Ивановски патеката долга 21,097 километри ја истрча со време од 1 час, 8 минути и 2 секунди, поставувајќи нов рекорд на оваа реномирана трка. Со оваа импресивна победа, тој уште еднаш ја потврди својата доминација на балканската атлетска сцена.




