Македонската ракометна репрезентација го започнува настапот на Европското првенство 2026 во Данска, Шведска и Норвешка. Под водство на селекторот Кирил Лазаров, националниот тим влегува во нов циклус, обележан со смена на генерации и градење на иднината на македонскиот ракомет. Македонија се најде во тешка група, каде што се уште Данска, Португалија и Романија, а пласман во следната фаза ќе обезбедат само двете најдобри селекции од групата.
Натпреварот помеѓу Македонија и Данска на ЕП во ракомет 2026 е закажан за 16.01.2026 со почеток во 20:30 часот (CET). Тоа е првиот дуел на Македонија во прелиминарната фаза од Европското првенство во ракомет, што се игра во Данска, Норвешка и Шведска.
“Данска е Данска, не треба многу да се зборува за нив. Одлично е чувството кога треба да играш против оние кои до вчера ти биле идоли. Кога се игра за репрезентацијата и кога се претставува државата, посебно на Европско првенство, тоа е чест и задоволство. Одиме на максимум и со Португалија и Романија. ” изјави најмладиот ракометар на македонската репрезентација Дамјан Митев




