
Шкотскиот четвртолигаш Дамбартон не знае за пораз два и пол месеци и цели кон директно враќање назад во третата лига.
Популарните ,,Слонови” моментално го заземаат првото место на табелата на Лиг 2, а денес ја запишаа и единаесеттата победа во сезоната.
Имено, во осумнаесеттото коло, лидерите триумфираа над Ист Фајф со 2-0 и го оставија на шестата позиција.
Домашниот состав постигна по еден гол и во двете полувремиња, а стрелци беа Грегор Букенен (33′) и Дејвид Вилсон (47′).
Воедно, за двојниот шкотски првак од деветнаесеттиот век, ова беше триумф за одбележување на 150-годишнината од основањето на клубот.