Климе Далчески поранешниот капитен на ФК Караорман и младиот Ненад Попоски се нови засилувања за струшкиот третолигаш кој се труди да се врати на старите патеки.
Климе Далчески минатата сезона играше во екипата на ФК Лабуништа, додека Ненад Попоски доаѓа од градскиот ривал ФК Влазними. Двајцата ќе бидат големи засилувања на ФК Караорман во борбата за првото место кое носи пласман во втората лига.