
ЦСКА Москва ја запиша петтата последователна гостинска победа над Торпедо Нижњи Новгород, откако денес го совлада со 0-4.
Претставниците на главниот град на Русија дадоа два гола во првата и по еден гол во наредните две третини за да дојдат до конечниот резултат.
Двоен стрелец за ,,Армејците” беше Максим Соркин, а по еднаш реализираа уште Матвеј Гусков и Максим Мамин.
Голманот на победничкиот состав, Александер Шариченков, дојде до првиот шут-аут во сезоната со 33/33 одбрани.
Во Западната конференција, ЦСКА го држи второто, а Торпедо – четвртото место.