Црвена Звезда игра според планот во групната фаза и е на чекор да презими во Лига Европа и да се пласира во нокаут фазата. Белграѓани врзаа две победи по ред и тоа против Либерец и Гент па сега имаат шест бода на контото на табелата.
Освен победата и трите бода, тие добија и 570.000 евра, а заедно двете победи им носат прилив на пари од 1.140.000 евра или вкупно досега сума од 6.400.000 евра. За македонски услови е само сон, а соседите на правиот начин ни покажуваат како се работи во фудбалот.



